Не е до жените бре дедо Петре

 

За митрополитот Преспанско-пелагониски Петар нема дилема дека вината за се поголемиот број на разводи во Македонија е во македонската жена. Жената денес има големи права, но заборава дека мажот е главата на семејството, а таа треба да ги подига децата, рече владиката Петар ден по Велигден. И тоа мојт да било така дедо Петре ама пред едно 3-400 години кога жената освен за праење зелник и трљање гаќи со свински сапун не ја бидуело за ништо. Арно ама денес жениве работат рамноправно со мажите и пари печалат за по дома. Некаде прочитав дека во Луксембург жените заработувале појќе од мужите. Треба ли да праиме компарации помеѓу животот у Луксембург и овој нашиов посран рамковен? 5 лубеници да продадеш треба процентуално да ги распределиш. Само тоа е битно. А да. Битен е и наталитетот. Битно е нацијава да ни се прца и деца да се раѓаат. Бракот како прва тула во општественото скалило дебело се тресе. Бројот на разводи од година во година се зголемува а бројот на склучени бракови се намалува. И според нашиот владика за тоа криви биле жените. Јас пак мислев дека за љубов и кавга се потребни двајца…

Целиот пост на Комита прочитајте го тука

најчитано сега