Гевгеличанец ја полил сопругата со бензин и ја запалил - 10 години ќе биде во затвор

Десет години затвор доби Драган Стошиќ откако во јануари годинава со шише бензин ја запали својата сопруга. Како што јавува Вест, пресудата денеска му ја изрекол Основниот суд во Велес. 50 годишниот Драган од селото Миравци, Гевгелија, на Водици годинава по расправија со својата сопруга, зел шише бензин, ја полил со него и ја запалил. Жената цела во пламен истрчала надвор а случајни минувачи успеале да ја изгасат со вода. Со видни повреди и нагрдувања по телото таа денеска сведочела во Судот.
Нејзиниот сопруг се покајал за стореното.

"Се каам за ова што го направив. Им се извинувам на сопругата и на четирите деца. Бев пијан кога го сторив ова. Утрото бев кај дедото, татко и на сопругата, и се на­пив­ме по некоја ракија", рече Драган Стошиќво изјава што ја пренесе Вест

28.10.2013 - 21:45

најчитано сега