Алтернатива бара наставата да почне во јануари

 

И 1 октомври е  нессодветен за почеток на наставата, затоа предлагаме училиштата на почетокот на јануари 2021 година, велат од Алтернатива на прес конференција.

– Со оглед на тоа дека, според сите предвидувања, на есен се очекува нов бран на пандемијата на вирусот ковид-19, секој почеток на наставата во тоа време би бил ризик за инфицирање на децата и ако тоа резултира со непожелни последици, тоа би било фатално за целата држава – велат од Алтернатива.

Партијата е против онлајн учење, бидејќи според нив, поранешниот министер за образование и наука не развил никаква дигитална платформа, што би била успешна за организирање на таквиот вид настава.

– За да не ни се повтори неуспехот од т.н. онлајн настава и за да немаме поголеми болки од инфицирање на учениците и, не дај Боже, со фатални последици, Алтернатива предлага наставата да почне во јануари 2021 година, за кога сметаме дека ќе заврши и вториот бран на пандемијата и да заврши на крајот на јуни, што подразбира и физичко присуство на учениците и наставниците. Се разбира, ова значи скратување и прилагодување на наставната програма, како и целосен скрининг на учениците и наставниците за што ќе се грижи Министерство за здравство – предлага Алтернатива.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2020 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега