Љубителка на Хрватска и алкохол – која е жената поради која Ѓоковиќ е исфрлен од УС опен

 

Линиската судијка која што најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, несакајќи ја погоди со топчето во грлото, се вика Лаура Кларк.

Новак е дисквалификуван од УС опен, а причината сите многу добро ја знаеме. Но, која е линиската судијка?

Лаура поради овој инцидент е во центарот на вниманието во светската јавност, па иако Новак не сакал да го каже нејзиното име, за да ја зачува нејзината приватност, американските медиуми се погрижиле цел свет да дознае всушност која е жената поради која српскиот ас е исфрлен од УС опен.

Лаура е од Овенсбор, американската држава Кентаки и е долгогодишна судијка на АТП турнирите.

Таа била линиски судија и во текот на студентските турнири, а со текот на времето напредувала и стигнала до УС опен и Дејвис купот.

Интересно е тоа што, ова не е првпат тениско топче да ја погоди во главата.

Во некое интервју, кое што го давала пред шест години, открила дека тениско топче ја погодило во усната со брзина од 130 км/ч.

Врз основа на нејзините објави на социјалните мрежи, може да се заклучи дека таа ужива во патувањата и консумирањето скапи алкохолни пијалаци.

Таа исто така ја посетила и Хрватска, па била воодушевена од убавината на земјата, а импресиите ги споделила и со своите следбеници на Твитер.

„За фановите на „Игра на тронови“, Дубровник, Хрватска е бомба“ - напишала Лаура.

Таа исто така неретко објавува фотографии на кои што покажува како консумира скапоцени вина, но и жестоки алкохолни пијалаци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.09.2020 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега