Се огласи Груевски: Дали може да има друго место за еден Македонец освен Македонија?

 

Поранешниот македонски премиер се огласи на социјалната мрежа Фејсбук по повод одбележувањето 122 години од смртта на Гоце Делчев.

- На денот на неговото убиство во 1903 година, едно потсетување на тоа како говореше Гоце Делчев, преку 10 негови поретко објавувани искази и цитати.

1.
„Откако ќе почнеме да работиме, ние ќе спечалиме авторитет."
/Гоце на Ив. Хаџи Николов во Софија, 1892 г./
(Гане Тодоровски, Формирањето на BMPO, 1074
2.
„Дали може да има друго место за еден Македонец освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија? Во Штип дојдовме случајно сеедно каде, но треба да се започне поскоро. Треба да се просвети и организира народот, да се вооружи, да му се влее вера во неговите сили да разбере како може да се оттргне од ропството и мизеријата да му се отворат очите."
/Гоце Делчев на Даме Груев во 1894 г./ (К. Христов, Гоце Делчев, 85)
3.
„Деца, кој од вас не може да ја прескочи клупата на крајот на годината, нема да помине во погорно одделение; кој не тепа кога го тепаат, убаво да знае дека и јас ќе го тепам; кој ќе го пријави за нешто својот другар, јазикот ќе му го пресечам; кога некој ќе изврши нешто лошо, вие сами ќе го казните..."
/Гоце на своите ученици во Ново Село 1894 г./ (П. К. Яворов, Ор. cit., 173)
4.
Ние, знаете кои сме ние: селаните, македонското население, народот. Ние не можеме да правиме политика, ниту да дозволиме на други да прават политика со Македонија. Нашата борба, тоа е за нас живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме и кога. Кога да се прави востание, ќе реши народот. Нема да оставиме да командувате оттука, за да не внесете, како што се обидовте лани во игра на востанието. Сега една таква авантура може да биде страшна и крвава, зашто населението, народот е повеќе распален и делумно вооружан. Тој може да се поведе на измамата, а тоа ќе му чини реки од крв и планини од трупови. Ние нема да дозволиме тоа. Не, крвта на народот е скапа и не сакаме да ослободуваме трупови, ами жив народ, за да живее и расте.
Гледам дека вие не ги познавате условите во Македонија и затоа кажете им на сите, кажете им да не се мешаат и да ја остават Внатрешната револуционерна организација да организира, да раководи, да решава. Ние сметавме дека од вас, од комитетот и емиграцијата можеме да добиеме братска помош. Но знајте, ние не бараме покровители, а уште помалку господари."
/Гоце Делчев на генералот Николаев, претседател на Врховниот комитет, почеток на февруари 1896 г./
(К. Христов, Гоце Делчев, 124-126)
5.
Кога несреќата се јавува на сцената, таа не се задоволува само во еден крај, во еден кат да игра, а бара колку може пошироко пространство да заземе."
/Г. Делчев до Н. Малешевски, 22. IV 1897 г./
(Г. Делчев, Писма, 152)
6.
„Ќе удри утринската зора и за нас..."
/Г. Делчев до Н. Малешевски, 4. V 1897 r./
(Г. Делчев, Писма, 157)
7.
„Пустата му слава!" …Секој сака да блесне, па не го знае фалшот на тој блесок.
/Г. Делчев до Н. Малешевски, 5. І 1899/
(Г. Делчев, Писма, 183)
8.
„Пријателите по идеја треба да се слушат и еден за друг да умират."
Г. Делчев до Н. Малешевски, 22. IV 1899 г./
(Г. Делчев, Писма, 192)
9.
„Не може да се надеваме на туѓа помош, да не чекаме помош од Бугарија, ни од која и да било друга сила, туку треба да се подготвиме однатре во душата секој селанец да се проникне од таа идеја, се да се подготви и тогаш да се крене масовно востание. Дотогаш никој однадвор да не се меша во нашата работа."
/Г. Делчев до Иван Анастасов-Грчето, есен 1900/ (Г. Делчев, Во спомените, 92
10.
„Бугарската влада, којашто има чисти завојувачки намери спрема Македонија, штом ќе почне да дава пари, ќе знае како да ја исползува со таа „помош" создадената состојба на работите внатре: таа нема да се задоволи со некакви платонски чувства, туку ќе сака реални привилегии... Повторувам, ударот ќе биде страшен!"
/Гоце на собранието во Софија по апсењето на членовите на ЦК на Внатрешната организација во Солун, март 1901 г./
(Г. Делчев, Во спомените, 171)

 

05.05.2025 - 08:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега