Тешка сообраќајка во Македонија - има повредени

 

Во 09,13 часот во Битола, пред раскрсницата за селото Остерц и Велушина во правец на Драгош, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода Фабија“ со битолски регистерски таблици управувано од 40-годишниот А.Л. од Битола и патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со битолски регистерски таблици управувано од 37-годишниот Л.П. од Битола.

Во незгодата А.Л. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му била укажана лекарска помош, додека Л.П. се здобил со телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Битола.

Се работи на целосно расчистување на случајот.  

 

 

 

18.10.2018 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега