Ова се најпаметните ѕвезди на Холивуд: Нивниот коефициент на интелигенција е надпросечно висок
Некои холивудски ѕвезди, покрај нивниот талент за глума или музика, големо богатство, луксузни недвижнини и брзи автомобили, можат да се пофалат и со надпросечен коефициент на интелигенција.
Некои успеаја да се стекнат со универзитетска диплома, а некои беа дури и пред докторатот. Дури 10 холивудски ѕвезди можат да се пофалат со коефициент на интелигенција поголем од 130!
Шакира, зборува 5 јазици, првата песна ја напишала на само 4 години, но иако има IQ 140 не се запишала на факултет.
Синди Крафорд била првенец на генерацијата. Ја сакала науката, па добила стипендија за хемиско инженерство. Сепак, таа влезе во светот на модата, светот остана без еден хемиски инженер, но доби супермодел.
Актерот Мет Дејмон има IQ 160. Тој го напиша сценариото за филмот ‘Good Will Hunting’ за време на студиите на Харвард, на кој подоцна работеше заедно со Бен Афлек, за кој го освои Оскарот за најдобро сценарио.
Актерката Натали Портман дипломирала психологија на Харвард. Таа зборува на 5 јазици, а се проценува дека нејзиниот коефициент на интелигенција е 140. Сепак, таа ја градеше својата кариера како актерка, а не како психолог.
На 14-годишна возраст, Квентин Тарантино го напишал едно од неговите први сценарија. Никогаш не отишол на колеџ, но не му требал. Резултатот од тестот за интелигенција од 160 веројатно е основа за освојување на два Оскари.
Ева Лонгорија работела за време на средно училиште за да и помогне на нејзината мајка да се грижи за сестра со посебни потреби. После тоа, таа успеа да ги заврши додипломските и магистерските студии, а потоа работела напорно за да биде толку успешна како што е денес.
Шерон Стоун може да се пофали со коефициент на интелигенција од 151, што ја става во 0,1 процент од светската популација што може да се пофали со овој резултат. Се запишала во второ одделение од основно училиште на 5-годишна возраст, а веќе на 15-годишна возраст добила стипендија за колеџ.
Стив Мартин студирал филозофија, но не успеал да го заврши факултетот. Тоа не го спречи да направи завидна филмска кариера и да стане член на Менса.
Рашида Џонс рече дека била „бубалица“ со компјутер во училиште. Студирала религија и филозофија на Харвард и успеала да дипломира на дваесет и една година. После тоа, таа имаше одлична актерска кариера.
За Роуан Аткинсон има гласини дека тој има IQ 178, што воопшто не одговара на ликот на Мистер Бин кој го направи славен. Тој беше одличен ученик кој секогаш добивал високи оценки на училиште. Студирал инженерство на Универзитетот во Њукасл. Потоа заминал во Оксфорд за да се стекне со титулата магистер по наука, па дури и го започнал својот докторат, но глумата била посилна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа