Ова е најтесната куќа на светот, додека едни се воодушевени, другите велат: „Мојот автомобил е поудобен“
Оваа тесна куќа не е само тесна, туку и неверојатно збунувачка.
Некои сметаат дека изгледа како ходник, додека пак други зборуваат дека нивниот автомобил е поудобен од неа.
Сепак, факт е дека таа дури сега станува позната, поради својот умерен дизајн и интересната архитектура.
Необичната куќа се наоѓа во Илиноис, а од едната страна е широка само еден метар, додека постепено се шири како што се движите кон нејзината друга страна.
Таа моментално е достапна за купување по цена од 270.000 долари.
Севкупно, таа нуди околу 160 квадрати простор, вклучувајќи и завршен подрум, две спални соби и два и пол тоалети.
Својата неверојатна популарност ја стекнала кога истата се појавила на популарната апликација ТикТок, каде што видеото собрало над еден милион лајкови.



Дали ви се допаѓа вам?
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа