Силјановска-Давкова до Џафери: Честитки за внукот, но тоа не може да биде причина за одложување на седница на Собрание
На почетокот на Конститутивната седница на Собрание, збор зема Гордана Силјановска – Давкова која што му се обрати на Џафери дека раѓањето на внукот не е причина да се одложи на седницата.
„Не можам а да не ви замерам за одложувањето на Собранието. Честитки за внукот, но тоа не е причина за одложување на Собрание“, му рече Силјановска-Давкова на Џафери.
Претседателот Џафери, пак, образложи дека седница не била закажана.
21.08.2020 - 13:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа