„Мислев дека сум мртов, плачев цела ноќ“ - Мбапе за најголемиот успех во неговата кариера

 

Еден од најдобрите фудбалери на Пари Сен Жермен, младиот Килијан Мбапе, беше крајно емотивен по пласманот на неговиот клуб во големото финале во Лигата на шампионите.

Да потсетиме, ПСЖ во полуфиналето го совлада Лајпциг со 3:0 и со тоа, за прв пат во историјата, освои место во финалето на најсилното европско натпреварување.

Пред самиот крај на Лигата на шампионите, Мбапе претрпе непријатна повреда на натпреварот против Сент Етјен. Неговиот настап во Лисабон тогаш беше под големо прашање. Тој го започна натпреварот со Аталанта на клупата, а Тухел беше принуден да го фрли во оган во финишот за да им помогне на соиграчите да стигнат до пресврт. На радост на навивачите на Пари Сен Жермен, но и љубителите на фудбалот ширум светот, големиот Французин беше подготвен да игра од првата минута синоќа.

По натпреварот, тој не можеше да ги скрие своите емоции. Откри колку било тешко за него кога ја претрпел повредата и какви мисли му минувале низ главата во тоа време.

„По Сент Етјен, мислев дека сум мртов. Плачев цела ноќ. Се чувствував лошо, но не сакав да покажам на никого. Сè уште не се чувствувам одлично, но ќе умрам на теренот в недела! Сакам да победам“, рече Французинот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2020 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега