Тешко повреден кочанчанец - вршел нужда на пругата па му налетал воз

Студент од Кочани е тешко повреден откако вечерва на него налетал товарен воз на железничката пруга Велес Гевгелија во близина на велешката населба Долнодуќани, јавува Дума. Според информациите кои ги објави порталот, несреќата се случила во моемнтот кога кочанчанецот вршел нужда во близина на пругата. Во тој момент налетал товарниот воз. За среќа не го прегазил но најверојатно ветерот кој го создал го фрлил на страна по што 22 годишниот М.Т се здобил со тешки повреди. Итно бил префрлен во влешеката болница

- Пациентот е примен со тешки телесни повреди, со скршеница на десна надлактица и повреда на глава. Реанимиран е, укажана му е неопходна лекарска помош и поради сериозноста на повредите кои ги добил во сообраќајната несреќа препратен е во Ургентниот центар во Скопје, вели за Дума д-р Силвана Мишкова портпарол на болницата.

Дека не му бил денот на студентот од Кочани говори и податокот дека тој се преврезувал со автобус, кој претходно направил сообраќајна несреќа. Во него удрил автомобил. 

Студентот од Кочани бил патник во автобусот на Атом  кој педесеттина минути претходно имал сообраќајна несреќа во Велес. Во автобусот удрил автомобил. Полицијата вршела увид и затоа автобусот стоел во населбата Долни дуќани. Повредениот студент се симнал од автобусот и барал тоалет. Кога не го нашол одлучил да се симне под патот , до самата пруга и таму да изврши нужда. Но тоа било фатално по него.

Полицијата врши увид и на оваа сообраќајка, втора на истото место.Тоа е причина за неколку часовен прекин на железничкиот сообраќај на пругата Скопје  - Гевгелија.

24.10.2013 - 22:31
Фото: 
Дума

најчитано сега