Автомобил удри во велосипедистка во Скопје

Жена се здобила со тешки телесни повреди откако додека управувала со велосипед во неа удри автомобил.

-Вчера во 13:00 часот било пријавено дека на ул.„Народен фронт“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Г.(49) од Скопје удрило во велосипед, управуван од Р.С.(55) од Скопје. По незгодата Р.С. била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2020 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега