Тешка несреќа во Штип: Автомобил излета од патот и се преврте

Возач на автомобил се здобил со тешки телесни повреди откако доживеал сообраќајна несреќа во Штип.

-Вчера во 19:40 часот било пријавено дека на ул.„Железничка“ во Штип патничко возило „бмв“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(38) од Штип, излетало од патот и се превртело. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип, каде бил префрлен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Штип - информира полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.06.2020 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега