МВР со детали за пукањето во Чаир: Повредено младо момче

Министерството за внатрешни работи информира дека момче се здобило со повреди на ногата откако непознат напаќач во него пукал со огнено оружје во Чаир.

- Утрово во 05:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на угостителски објект и градинка на ул.„Архиепископ Доситеј“ во Скопје едно лице пукало од огнено оружје кон 24-годишниот К.Т. од Скопје, кој управувал мотоцикл, при што бил повреден во пределот на ногата. Тој  бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, при што на местото биле пронајдени и подигнати шест чаури од муниција за пиштол. Се преземаат мерки за расчистување на случајот - информира МВР.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.06.2020 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега