Жител на неготинско Тремник го истепал детето на соседот пред селската продавница

Жител на неготинско Тремник вчера попладне во полиција пријавил соселанец,  оти му го натепал десетгодишното дете пред селската продавница, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Настанот бил пријавен  во 16.10 часот во Полициската станица Неготино. Пријавителот бил на возраст од 35 години, а пријавениот, две години помлад.

По целосно документирање на случајот околу пријавата за физички напад, ке биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.06.2020 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега