Пукање утрово во Чаир - маж со Итна помош однесен на Клиника

Едно лице е повредено утрово во скопската населба Чаир кога на него било пукано од огнено оружје од непознато лице, дознава „360 степени“.

Како што дознава „360 степени“, во 05:45 часот во полицијата било пријавено дека се слушнале повеќе истрели од огнено оружје на улица „Архиепископ Доситеј“ во близина на ресторанот „Бизнис Фафа“ и градинката во Чаир и дека има повредено лице.

Врз повредениот било пукано додека се движел со мотоцикл. Притоа, тој се здобил со повреда во левата потколеница, но успеал да се сокрие во блиска зграда, а по пријавата со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Повредениот носел панцир. Лицето кое пукало кон него е се уште непознато.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.06.2020 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега