Кумановец нападнат и прободен со нож

 

Рано утринава околу 01.00 часот во Полициската станица Куманово, М.Т.(28) од Куманово пријавил дека на 31.05.2020 околу 23.30 часот бил физички нападнат од неколку лица кои ги познава, при што бил прободен со остар предмет на левата рака.

Според пријавеното,  додека бил во возило „бмв“ со неговиот пријател М.Д. од Куманово во близина на угостителски објект на бул.„Октомвриска Револуција“, им се доближиле лицата и физички го нападнале М.Т., при што еден од нив со остар предмет му нанел убодна рана на левата надлактица.

После тоа, тие заминале во болницата во Куманово каде му била укажана лекарска помош. Во врска со настанот приведени биле А:Р.(32), Д.А.(19), А.Г.(27), М.З.(30) и Д.П.(26), сите од Куманово.

По целосно документирање на случајот, СВР Куманово ќе поднесе соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.06.2020 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега