Десетина службеници од УЈП ставени во изолација поради контакт со Лукаревска

Десетина службеници во генералната дирекција на УЈП ќе бидат ставени во самоизолација, поради контакт со директорката Сања Лукаревска, која денеска објави дека е позитивна на тестот за корона вирусот. Лукаревска за ТВ 24 вели дека контактите и состаноците во УЈП за цело време на кризата се сведени на минимум, осен за клучни прашања, се користеле интернет алатките за комуникација.

„Внимававме и ги почитувавме сите препораки, но сепак превентивно десетина лица од генералната дирекција на УЈП ќе бидат пријавени од моја страна во анкетата кај епидемиолозите за да направат тестирање“, вели Лукаревска.

Во самоизолација се и нејзините родители, кои ги чекаат резултатите од тестовите.

Последниот контакт на Лукаревска со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекери бил во вторникот, а откако тој објави дека е позитивен Лукаревска се тестирала.

Лукаревска вчера заедно со премиерот Оливер Спасовски и кандидатите за пратеници од втората изборната единица имаа работен состанок и прес-конференција во Куманово. Потоа Лукаревска, Спасовски и останатите кандидати за пратеници делеа заштитни маски на граѓаните низ градот.

„Штом ја разбрав веста за позитивниот тест на Зекири, неколку часа потоа отидов да се тестирам. Претходно, да знаев дека има такво нешто секако дека ниту јас, ниту било кој од пристутните на вчерашниот рзаботен состанок би влегле во било каков ризик со цел да загрозиме здравје на граѓаните“, вели Лукаревска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.06.2020 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега