УХМР и за денес најавува невреме, особено во овој дел од државата

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.

За време на викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно и потопло, а повторно дестабилизирање се очекува од вторник.

28.06.2024 - 09:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега