Филипче: Семејството на починатиот, чиј тест е позитивен на ковид-19, одбивало соработка со епидемиолозите

Епидемиолозите имале тешкотија да стапат во контакт со семејството на починатиот скопјанец, за кој посмртно беше добиен позитивен резултат на ковид-19.

Како што кажа на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, епидемиолозите се соочувале со сериозни проблеми на терен, особено во делот на прибирање податоци.

„Многу тешко се пристапи до семејството, како за организација на чинот на погребот, откако се доби резултат на починатиот дека е позитивен на ковид-19, па сѐ до давањето на контактите на тие луѓе кои биле присутни на самиот чин на погребот“, рече Филипче.
Во текот на вчерашниот тек епидемиолози од Институтот за јавно здравје направиле епидемиолошки анкети со семејството на 53-годишниот скопјанец кој починал завчера. А епидемиолошки анкети се направени и со вработените во приватната болница, по што ќе се знае дали некој ќе биде ставен во изолација.

Скопјанец погребан без да знаат дека е позитивен на ковид-19, ќе се тестираат семејството и вработени во приватна болница

Тој завчера без знаци на живот бил однесен во една приватна болница во Скопје, а посмртно му бил утврден ковид-19. Телото на починатиот било подигнато од семејството и погребано според сите верски и народни обичаи, без да се почитуваат протоколите за ковид-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.05.2020 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега