Се уште без договор: ВМРО-ДПМНЕ на избори ќе оди ако 14 дена по ред бројката на новозаразени биде под 10

Утре завршува вонредната состојба, а позициите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ во однос на датумот за избори и натаму се далеку. Од МКД.мк„ пишуваат дека за ова прашање телефонски разговарале и Зоран Заев, претседателот на СДСМ, и Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Заев останува на последната понуда избори на 5 јули, а Мицкоски би попуштил за избори некаде кон крајот на јули.

Се наведува дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека епидемијата од коронавирусот во Македонија не е надмината, дека дневните резултати за новозаразени, излечени и починати лица не покажуваат никаков напредок во однос на надминување на кризата како што тоа здравствените власти сакаат да го прикажат. Избори спротивно на законот и на грбот на здравјето и животот на граѓаните не се опција, велат во ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата предложиле на избори да се оди 15 дена откако резултатите за новозаразени лица со ковид-19 бидат под 10 во низа од 14 дена. ВМРО-ДПМНЕ смета дека дури тогаш ќе може веќе да се зборува за ослабување на епидемијата и за можност од организирање избори. Од партијата велат дека бојкотот на изборите како опција останува ако СДСМ остане на тоа дека треба да се организираат брзи избори и покрај тоа што бројот на новозаразени не опаѓа.

Утре завршува вонредната состојба, Владата треба да му предложи на претседателот на државата дали има потреба од продолжување на вонредната состојба, а овие 2-3 дена се чека и на можна лидерска средба на која со консензус би требало да се реши за датум за избори. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.05.2020 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега