Мицкоски: Владата на Заев до крајот на годината ќе го задолжи секое семејство за 1.500 евра, а сега делат ваучери од 150 евра поткуп кој не може да го исплатат

Владата на Заев до крајот на годината ќе го задолжи секое семејство за 1.500 евра, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој кажа дека СДСМ во првите четири месеци од годинава го зголемиле долгот на граѓаните за 1,8 отсто од БДП.

„Наместо да имаме намалување на јавниот долг ќе имаме зголемување на јавниот долг само во првите четири месеци од 1.8%. Секое семејство го задолжија за од прилика 25.000 денари, само во првите четири месеци од почетокот на годината. Тука ќе потсетам не е опфатена помошта кон стопанството и тука ќе потсетам не е опфатена помошта кон граѓаните. За тоа ќе имаме дополнителен буџетски дефицит. Или до крајот на годината зголемувањето на долгот, на јавниот долг во однос на бруто домашниот производ ќе изнесува точно 5 проценти. Или ако се додадат на дополнителните 1.8 во првите четири месеци тогаш вкупниот зголемен долг на крајот од 2020-тата година без задолжувањето за помош на стопанството и граѓаните ќе изнесува околу 7 проценти од БДП или тоа е некаде околу 95 илјади денари зголемен долг за секое семејство, или 1500 евра зголемен долг за секое семејство само за една година“, кажа Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека во Извештајот на Министерството за финансии кој што опфаќа реализација на Буџетот во првите 4 месеци т.е. периодот први јануари – 30-ти април, 2020-тата година, е покажано дека дефицитот изнесува рекордни рекордни 200 милиони евра или од прилика нешто повеќе од 12 милијарди денари.

„Како е тој дистрибуиран по месеци, во месеците јануари 20 милиони, во месеците февруари – март 50 милиони, и рекордни 80 милиони евра во месецот април. Тоа е доволен показател дека владата немала ниту во момент намера да помогне на граѓаните и бизнисот туку единствена цел била поткуп т.е. обид за поткуп и милост од граѓаните да го заборават сето она кое што беше погрешно направено изминативе три години пандемија под раководство на СДСМ и Зоран Заев“, рече Мицкоски.

Тој кажа и дека во првите четири месеци од 2020 година, во услови на техничка Влада реализацијата на капиталните инвестиции е околу 13 проценти од она кое што било планирано на почетокот на годината.

„Во 2019-тата година за истиот период реализацијата на капиталните инвестиции била 11.25 проценти, кога немаме техничка Влада. Да потсетам тоа е период кога исто така имаме изборен циклус, а тоа се претседателските избори. Во 2018-тата година реализацијата на капиталните инвестиции е 14.23 проценти. во 2017-тата година во истиот период, во првите 4 месеци кога исто така имаме техничка Влада, капиталните инвестиции се реализирани со интензитет од 27 проценти во однос на тие што биле планирани на почетокот на годината.
Во 2016-тата година кога исто така имаме техничка Влада капиталните инвестиции се реализирани во износ од отприлика 19 проценти од она кое што било планирано на почетокот на годината. Разликата е евидентна и лагите се распрснуваат како меур од сапуница, а бројките се немилосрдни и ги демантираат лагите на оваа Влада предводена од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев“, кажа Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.05.2020 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега