Осуденичка се породи во затворот во Идризово

Осуденичка се породила во затворот во Идризово, дознава МКД.мк. Таа во петокот вечерта родила живо и здраво машко бебе. Информацијата за МКД.мк ја потврдиле и од затворот од каде велат дека и бебето и мајката се во добра здравствена состојба

Осуденичката е на 24 годишна возраст и во женскиот дел од затворот издржувала казна за разбојништво и тешка кражба во траење од 5 години и 10 месеци. На мајката ова и е четврто дете. Пред него има 2 сина и една ќерка.

Издржувањето на затворската казна го започнала на 24 декември, 2019 година и во затворот била дојдена бремена. Доцна во ноќта во петокот спрема саботата таа во затворот се породила. Во моментов се наоѓа во женскиот дел на оваа установа во посебна дезинфицирана и чиста соба заедно со своето бебе.

На породената осуденичка и следува период од 9 месеци за да може да биде со своето дете.

За мајката до Управата за извршување на санкции поднесено е барање за прекин на издржување на затворска казна од еден месец, со можност за повторно продолжување.

Откако ќе изминат 9 месеци, мајката треба повторно да се врати во затвор каде треба да продолжи да ја издржува затворската казна.

Бебето кое се роди во затворот во Идризово е прв случај во период од можеби петнаесетина години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.05.2020 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега