Владата го разреши Лазар Еленовски од должноста специјален претставник за НАТО во Брисел

Владата го разреши Лазе Еленовски како специјален претставник за интегрирање на Македонија во НАТО во Брисел.

Поранешниот министер за одбрана беше избран со поддршка од ДУИ во февруари 2018 на таа функција.

Ваквата одлука Владата ја донела на седницата на 19. мај, а решението за неговото разрешување е објавено во вчерашниот Службен весник.

Еленовски претходно беше амбасадор во Брисел.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.05.2020 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега