Бектеши: Угостителските објекти ќе работат до 20 часот со максимум 4 лица на маса

Угостителските објекти кои имаат тeраси ќе можат да отворат утре, но ќе треба да ги исполнат препораките за дистанца и заштитна опрема. Другите угостители ќе можат да отворат подоцна, откако ќе се види како ќе се почитуваат препораките, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Ние имавме подготвен протокол од комисијата за заразни болести кој предвидува три фази во отворањето на угостителските објекти. Вчерашната одлука на владата е реализација на втората фаза. Ќе ја следиме ситуацијата и акко се почитуваат протоколите ќе се реализира и третата фаза за отворање на објектите и во затворен простор – рече Бектеши.

Работното време на угостителите ќе биде до 20 часот, а на една маса ќе може да седат максимум 4 лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.05.2020 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега