При вршење земјоделски работи повреден маж во Орешани

Вчера попладне, 53- годишен маж бил повреден додека работел со мотокултиватор, по што бил одведен во болниа.

„На 24.05.2020 година во 15,08 часот во Единицата за известување и команда во Скопје, А.М пријавил дека во викенд населбата Орешани, неговиот сосед Б.Р. (53) од Скопје , се повредил со мотокултиватор при вршење  земјоделски работи“ известуваат од полиција.

Од екипа на Итна медицинска помош  Б.Р.  бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му била извршена хируршка интервенција, а увидна екипа на МВР извршила увид на лице место.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.05.2020 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега