Заев: Благодарни сме за сѐ она што го направија Власите за нашата татковина

Со особено задоволство од името на СДСМ и од мое лично име го честитам 23 мај, Националниот ден на Власите, напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев во својата честитка.

„Денеска го одбележуваме Националниот ден на Власите, но оддаваме  и признание, благодарни за се она што го направија и се уште го прават за нашата заедничка татковина.

На овој ден со гордост се сеќаваме на значајната улога на сите Власи кои храбро и пожртвувано учествуваа во најважните поглавја на нашата долга и богата историја, во борбата за слобода, државност и независност.

Влашката заедница несебично го дава својот придонес во градењето на нашето соверемено општество, заедништвото и меѓусебното почитување.

Честит 23 мај, Национален ден на Власите“, напиша Заев

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2020 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега