Дескоска: Оценката на владината уредба за изборите како нелегитимна не држи вода

Било каква оценка на уредбата како нелигитимна, јас слушнав и други различни квалификации, се само голи политички аргументи, без никакви вистински аргументи. Тоа се квалификации кои апсолутно не држат вода, кажа министерката за правда Рената Дескоска во интервју за Канал 5.

-Уредбата беше уредба којашто единствено беше можна со цел да запрат изборните дејствија коишто беа почнати во времето кога се прогладси вонредна состојба. Имаше прва лидерска средба на којашто се даде задача на експертите да размислуваат околу можностите за прекинувње изборните дејствија. Со оглед на тоа што не се свика Собранието единствена можност беше носење на оваа Уредба, имајќи го во предвид она што постои во нашиот Устав, тоа е основот за 60 дена да се одржат изборите од распуштањето на Собранието, но исто така и одредба којашто вели дека во текот на вонредната состојба се продолжуваат мандатите, односно тоа значи пренесено продолжување и на роковите. Така што единствено можно правно решение за прекин на изборните дејствија е носењето на оваа Уредба. Ова е истото пренесено и во заклучукот на ДИК којшто го има потпишано претседателот на ДИК во којшто се вели дека по завршувањето на вонредната состојба ДИК ќе донесе роковник, ревидиран во кој ќе бидат предвидени оние дејствија коишто не биле преземени пред прогласувањето на вонредната состојба. Мојата порака ја упатувам дека лидерите може да разговараат за одредени роковои или термини за избори, но тие термини мора да бидат во рамките на Уставот, бидејќи никој, ниту волјата на лидерите, не смее да се стави над Уставот на нашата држава - кажа Дескоска.

Според Дескоска, лидерите на политичките партии мора да бидат свесни дека во процесот на договарање на датум за избори, тие треба да ја земат предвид и волјата на претседателот да прогласи повторно вонредна состојба ако не се оди сега на избори, заради тоа што секој договор мора да биде во рамки на Уставот.

-Никој не може да се договара надвор од Уставот – од таа причина очекувам дека ќе имаат свест дека ние како држава не можеме да живееме долго време во вонредна состојба. Кога се прогласува вонредна состојба, мора да имате јасно утврдени причини за прогласување на вонредна состојба, а тоа значи да ги образложите. На крајот кога ќе заврши вонредната состојба, ние реферираме пред Советот на Европа образложувајќи ги причините зошто сме прогласиле вонредна состојба и мерките коишто се преземени. Навистина би било неодржливо во ситуација кога немате парламент, имате техничка влада, да живеете со месеци во вонредна состојба – тоа е нешто што во демократските земји е проблематично, рече Дескоска.

Потенцира дека една од главните препораки на Советот на Европа е дека во вонредна состојба треба да постои демократски надзор од страна на парламентот.

 

-Така што ако сакаме да зборуваме за пракса којашто постои во демократските земји – првата можност којашто ќе се отвори за организирање на избори мора да биде искористена со цел да ги вратиме во полн капацитет институтциите и да се овозможи нормално функционирање и поголеми можности за справување со кризата, истакна Дескоска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега