Гаши: Не треба да има полициски час за Бајрам

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, тврди дека сите во кабинетот, освен опозициската ВМРО-ДПМНЕ, имаат ист став за продолжен полициски час во текот на овој викенд.

Меѓутоа овие тврдења на Спасовски ги отфрли лидерот на Алтернатива, Африм Гаши. Тој за ТВ21 изјави дека во текот на викендот, кога се слави и Фитр Бајрам, не треба да има полициски час и дека овој став во Влада ќе го истакне и Министерот за култура кој доаѓа од редовите на Алтернатива.

„Јас се слушнав со министерот. Тој го штити ставот на партијата, но меѓутоа во Влада одлучува мнозинството“, вели Африм Гаши.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега