Подрачните единици на МВР за лични документи работат од 8 до 16 часот

 Работното време во организациските единици на Министерството за внатрешни работи и на подрачните единици на Одделот за граѓански работи од 24.04.2020 година, е организирано со почеток од 8:00 до 16:00 часот согласно Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување распоред на работното време во Владата на Република  Македонија, министерствата и другите органи на државната управа и телеграмата од министерот за внатрешни работи и дополнителниот заменик на министер.

Од МВР информираат дека од страна на Одделот за граѓански работи биле доставени насоки до сите подрачните единици под негова надлежност, сите граѓани кои имаат закажано во термините после работното време да бидат примени во било кое време, во истиот или наредните денови од закажаниот термин.

– Насоките доследно се спроведуваат од подрачните единици, за наведеното е известен и економскиот оператор надлежен за закажување на термини за поднесување на барања за лични документи, се појаснува во денешното соопштение од МВР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2020 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега