Кондовец со пиштол му се заканувал на полицаец

 

Вчера вечер полицијата уапсила 28 годишник од Кондово, бидејќи со пиштол му се заканувал на еден од полицајците.

„На 18.05.2020 во 21.30 часот во с.Кондово, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.И.(28) од Скопје бидејќи со пиштол му се заканил по живот на еден од полициските службеници, по што се обидел да го напушти местото на настанот“ соопштуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2020 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега