Мицкоски: Заев сака брзи избори каде наместо гласови ќе броиме жртви од корона

 

На последната лидерска средба Зоран Заев наместо да води грижа за здравјето на граѓаните, тој лиферува со можни датуми за брзи избори, обвинувајќи го Заев дека наместо да брои гласови ќе брои човечки животи, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Топ Тема на Телма Телевизија.

Генерално тоа што се случуваше на лидерската средба кај претседателот Пендаровски го кажав и на изјавата после средбата. Како претседател на најголемата политичка партија предложив еден алгоритам. Но, она што беше за мене зачудувачки е фактот што од самиот почеток на таа лидетска средба Зоран Заев лиферува со датуми и цело време зборуваше за датуми додека сите останати практично зборуваа за здравјето на граѓаните. За него здравјето на граѓаните беше второстепено, односно велеше 14 јуни па дури потоа споменуваше доколку Комисијата за заразни болести дозволи. И тоа навистина предизвикуваше вчудоневиденост кај останатите, додаде Мицкоски.

Според Мицкоски за фер и демократски изборен процес потребно е и мислењето од страна на Државната изборна комисија и ОБСЕ и ОДИХР, посочувајќи дека потребно е прочистување на изборниот список.

Мицкоски посочи дека доколку цената за победа е дури и еден изгубен човечки живот, тогаш тој одбива да биде идниот мандатар на владата

Доколку цената е дури и 1 изгубен човечки живот тогаш јас одбивам да бидам дел од процедурата и на тој начин да бидам идниот мандатар на владата, истакна Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2020 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега