СДСМ: Ниедна лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата и Тошковски со бегството на Груби

 

Ниту една лажна анкета нема да го покрие срамот на Владата на Мицкоски и Панче Тошковски со бегството на Груби, обвинува опозициската СДСМ.

-Косовската граница е решето, отворена за бегање на криминалци и терористи. Тошковски појма нема каде се наоѓа Груби и после сите скандали треба да се поднесе оставка.  На Владата на Мицкоски навистина не ѝ оди добро, она што го ветуваше пред изборите не го испорача, скандали има секојдневно, институциите не функционираат, граѓаните осиромашуваат, цените растат, државата е заглавена и уназадува. Граѓаните тоа го гледаат секој ден и нарачаните анкети не може да им помогнат на Мицкоски и компанија, велат од СДСМ.

22.12.2024 - 10:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега