Студентите на средба со Арсовска: Апелираме Владата да донесе одлука за МОН да префрли средства за бесплатен превоз
Универзитетското студентско собрание при УКИМ оствари средба со Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за тековниот проблем поврзан со можноста за укинување на бесплатниот превоз за студентите во градот.
-За да продолжи бесплатниот превоз за студентите, потребно е Владата на Република Северна Македонија да донесе поединечна одлука со висината на средства што ќе се релоцираат за таа цел. Со оваа мерка ќе го задолжи Министерството за образование и наука да префрли средства за бесплатен превоз за студентите предвидени на конто за студентски стандард согласно Буџетот за 2025 година. Универзитетското студентско собрание испраќа јавен АПЕЛ до Владата и МОН, да ја донесат потребната одлука на седницата на Влада на 24.12.2024, со цел ЈСП Скопје да може да го продолжи бесплатниот превоз за студентите во 2025 година. Универзитетското студентско собрание останува во борбата за заштита и подобрување на студентскиот стандард, велат од Универзитетското студентско собрание при УКИМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа