Кузеска: Со кредитната линија Ковид1 поддржани се 738 компании со 6.524 вработени

 

Со првата кредитна линија позната како Ковид1 поддржани се 738 микро, мали и средни компании со 6.524 вработени, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа кажа дека вкупниот износ на доделени бескаматни кредити изнесува 5,54 милиони евра, а просечен износ на даден кредит е 7.500 евра.

„Од вкупно одобрените барања, оваа кредитна линија во износ од 3 милиони евра, ја искористиле 373 претпријатија од дејноста на угостителство, 320 претпријатија од дејноста на транспортот во износ од 2,3 милиони евра и 43 претпријатија чијашто дејност е туризмот добиле бескаматен кредит во износ од 252 илјади евра. Владата предводена од СДСМ дополнително предложи уште 107 кредитни апликации со вкупно 936 вработени, во износ од 776 илјади евра“, кажа Кузеска.

Дополнително, додаде таа, на фирмите од сите сектори им стои на располагање и втората линија бескаматни кредити преку Развојната банка во износ од 8 милиони евра.

„За нас секој граѓанин и секоја компанија е важна. СДСМ и натаму ќе продолжи со одговорно и конструктивно делување во овој период за полесно надминување на последиците предизвикани од коронавирусот. Никој не е сам, заеднички ќе ја надминеме и оваа здравствено-економска криза“, рече Кузеска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2020 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега