ВИДЕО: Нашата Тијана го најави Дачиќ - доби свирежи од цела сала

 

Свирежи не за неа, но за политичарот кој го најавуваше. Во ваква ситуација се најде македонската пејачка и актерка Тијана Дапчевиќ која го водеше детскиот фестивал „Чаролија“ во Белград, пренесе Телма.

Кога Тијана во рамки на програмата го спомна името на министерот Ивица Дачиќ како добитник на награда за пријател на фестивалот, низ салата се слушнаа извици „уаа“ и силни свирежи.

Дачиќ кој е долгогодишен соработник и партнер на српскиот претседател Александар Вучиќ е дел и од српската влада како претседател на Социјалистичката партија на Србија. Од ноември, по несреќата во Нови Сад има постојани протести против владеењето на Вучиќ, а протестите кулминираа синоќа со големиот собир на кружниот тек „Славија“ во центарот на Белград.

Фестивалот на кој се слушнаа свирежите против Вучиќ се одржа после големиот протест.

23.12.2024 - 15:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега