Удрил со автомобил во велосипедист- битолчанец со тешки повреди пренесен во болница

 

Непознато лице, со возило удрило во велосипедист во Битола, па побегнало од местото на настанот.

„На 12.05.2020 во 19.15 часот на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул.„Тодор Паница“ во Битола, непознато возило удрило во велосипедист С.П.(33) од Битола и го напуштилo местото на незгодата, по што С.П. бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.“ соопштуваат од полиција.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Битола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2020 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега