Ахмети: За датум ќе одлучиме кога ќе добиеме информации од институциите
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по лидерската средба рече дека ќе чекаат да добијат известување од Комисијата за заразни болести за тоа кога би можелo да се одржат изборите. Тој најави нова лидерска средба.
„Останува идната недела да имаме уште една средба, на која ќе се добијат информациите од соодветните надлежни институции и повторно да се собереме и одлучиме за наредниот датум. Кога ќе ги добиеме мислењата од здравствените експерти ќе дадеме одговори“, рече Ахмети.
Според лидерот на ДУИ, здравствените експерти треба да го имаат конечниот за одредување на датумот.
„Во една воена состојба, збор имаат генералите, а генералите во овој случај се лекарите и епидемиолозите кои прават анализи и кои што даваат препораки за кои апелирам сите граѓани да ги почитуваат, без разлика на која заедница припаѓаат. Исто така, за да ја добиеме оваа глобална војна тие мерки треба да се почитува“, рече Ахмети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа