Одобрено обвинението за „Меѓународен сојуз“: Боки 13 и Ременски седнуваат на обвинителна клупа

Советот за оценка на обвинителен акт во Основниот кривичен суд во Скопје во целост го одобрил обвинението за случајот со невладината организација „Меѓународен сојуз“ – Скопје, во кој се опфатени пет лица: Бојан Јовановски-Боки 13, како прв човек на невладината организација „Меѓународен сојуз“, пратеничката Фросина Ременски, заменик-претседателката на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Мандиќ, таткото на Боки – Миле Јовановски и асистентката Христина Блажевска. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“, чиј претседател е Боки.

„По веќе одобрениот обвинителен акт ќе биде оформен предмет кој согласно АКМИС-системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија од одделот за организиран криминал, а по насрочена главана расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени“, велат од судот.

Оценката на обвинителниот акт беше во рацете на советот на судијката Добрила Кацарска.

Боки во предметот е првообвинет за делата измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање на делото измама, а Мандиќ и Блажевска за помагање во двете дела.

Таткото на Боки, пак, е обвинет за помагање на делото перење пари, но и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје бидејќи при претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола. За измама се гони и „Меѓународниот сојуз“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2020 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега