Јанушев: Зоран Заев на митинзи со едната рака на срцето, а кога не е пред јавност со истата краде

 

Зоран Заев на митинзи со едната рака на срцето, а кога не е пред јавност со истата краде. Пред камерите вели дека бил горд на жицата македонска, ама кога не е пред камери го пцуе народот, пишува на фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Интересен е оној дел кога сега се правда дека немал комуникација со Чауш, а веднаш потоа јасно се слуша како тој им ги преведувал разговорите од албански. И, арно ама, се слуша и како Заев не рекетирал само бизнисмени, туку разговорите му требале и за рекетирање на политичари.

А, најинтересен е делот каде се фали дека ги контролирал шарените. Тоа се тие двојни стандарди. Шајка не закова за студентите, ама важно “инвестирал” во контролата на студентското движење.

И одново по овие разговори вчера го видовме истиот бандит како на прес-конференција се колне, препелка, правда. Арно ама, се гледа и стравот. Стравот од пораз. Човекот е спремен да гази и по лешеви ако треба за да ја сочува фотелјата.

Но, тоа е Заев, прочитана книга. Туку со извинувањето за пцовките кон народот до каде сме? И неговото оправдување вчера беше дека во 2016та верувал дека ќе победат и народот демек не го разочарал? Епа да го потсетам, тие избори ги загуби. Тесно, ама ги загуби. Во наредните месеци го чека вистинскиот дебакл“ пишува на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2020 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега