Заев: Полицајците се нашите заштитници, нашите чувари на граѓаните

 

Полицајците се нашите заштитници, нашите чувари на граѓаните, нивните права и безбедност, напиша Заев на својот фејсбук профил по повод 7-ми мај Денот на полицијата.

„Во период кога се справуваме со сериозна закана од глобалната пандемија, полицајците беа во првите редови во борбата против коронавирусот.
Македонските полицајци покажаа висок степен на подготвеност, професионалност и пожртвуваност во заштита на јавниот ред и мир, посветеност во спроведувањето на мерките и спречување на заразата од коронавирусот“ напиша Заев.

Во својот пост наведува дека со тоа, и полицајците даваат свој значаен придонес во заштита на јавното здравје.

„Во изминатите години преку процес на реформи и професионализација, полицијата ја врати довербата и угледот кај граѓаните. Денес таа е вистински сервис на граѓаните, нивен заштитник и предводник во обезбедувањето на безбедноста и стабилноста на целото општество“ напиша Заев на фејсбук.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2020 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега