МВР: На ниво на цела држава, 40 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие (06/07.05.2020) на територијата на Република  Македонија на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 25 лица потпишале изјави за самоизолација. 

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. 

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 40 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 29 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2020 - 08:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега