Чулев го потврди падот на хеликоптерот- во него имало 5 лица, а едно е повредено

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ја потврди веста дека хеликоптер на МВР се превртел во Петровец.

„Денес околу 11.30 часот пријавено е дека на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво хелихоптер на МВР M 17 се превртел. Во него биле пет лица, а кај едно лице се утврдени лесни телесни повреди.„ напиша Чулев на фејсбук.

Тој потенцираше дека согласно годишниот план за редовни активности, припадниците на МВР извршувале тренажен лет.

„Министерството за внатрешни работи, согласно Законот за воздухопловство ќе ги преземе сите неопходни мерки, а во соработка со Агенција за цивилна и воздушна пловидба ќе се формира комисија која ќе треба во целост да ги утврди фактите и околностите под кои се случил настанот. Жалам за незгодата, но позитивна вест е фактот дека во истата нема жртви или повредени со потешки повреди.“ напиша Чулев.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2020 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега