Несреќа во Штип: Автомобил изгуби контрола и излета од коловозот

 

Три лица се здобиле со тешки телесни повреди откако возило изгубило контрола и излетало од коловозот во Штип.

-Вчера во 14:35 часот било пријавено дека во Штип на ул.„Брегалничка“, П.Б.(20) од Штип, управувајќи патничко возило „ауди A3“, без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле двајцата сопатници С.Г.(19) и М.С.(19), и  двајцата од Штип, по што биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип - објави МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2020 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега