Дете и 23-годишно момче каснати од отровни змии во велешко
Две лица биле каснати од отровни змии во велешко за време на празничниот викенд , пренесе Дневник.
Се работи за 10-годишно дете од селото Долно Јаболчиште и 27-годишник од Велес, кој го славел 1 Мај покрај реката Бабуна.
Докторите велат дека е важно што поскоро да се даде серумот по каснувањето на змијата, кој во Заразното одделение до Болницата го имаат во потребните количини.