СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се откажат од парите од Буџетот
Додека државата, сите институции и граѓани се борат со здравствените и економски последици од коронавирусот, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да ги напуштат теснопартиските интереси и да се стават во функција на справување со кризата, велат од СДСМ преку соопштение.
Од партијата велат наместо политиканство и гол популизам, наместо паушални изјави, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да дадат реален придонес во борбата против коронавирусот и мерките за заздравување на економијата.
„Сега е време на одговорност и солидарност, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да излезат и јавно и јасно да се откажат од парите од Буџетот што и следуваат на опозициската партија, а парите да се искористат за помош во справувањето со негативните импликации врз економијата.
Во спротивно само ќе се потврди лицемерието на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, едно да зборуваат а сосем друго да прават.
Без разлика на ова несериозно и незрело однесување на Мицкоски, СДСМ продолжува одговорно да се однесува, во интерес на граѓаните, на нивна заштита и справување со економските последици.
СДСМ останува на страната на граѓаните и државата, на страната на јавното здравје, на страната на економијата.
Покажавме дека можеме да се справуваме со предизвиците, ќе покажеме дека можеме да се справиме и со овој предизвик кој е и здравствен и економски“ соопштуваат од СДСМ.
01.04.2020 - 10:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа