ВМРО-ДПМНЕ: Владите во светот преземаат сериозни мерки, Заев и СДСМ се однесуваат крајно неодговорно

Македонската економија моментално е во очајна состојба. На стопанството му е потребна сериозна помош за да ја преброди кризата со корона вирусот. во овие тешки времиња на граѓаните најмалку им е потребно политиканството на СДСМ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Граѓаните видоа дека во време на вонредна состојба министрите на Зоран Заев потрошија 8 милиони денари на кафеани и службени патувања.

ВМРО-ДПМНЕ предлага на истата владина седница на која ќе се расправа за законот за финансирање на партии, да се разговара и за доброволно откажување од платата на Рената Дескоска од 70 илјади денари, а на братучедот на Дескоска, Николче Тасевски да му се одземе платата од 188 илјади денари. Истото би требало да се преземе и кон Оливер Спасовски кој зема 90 илјади денари или Радмила Шекеринска со 80 илјади денари.

Да не се заборави и на Дамјан Манчевски кој ќе ја докаже хуманоста и ќе се откаже од платата од 70 илјади денари, Мила Цароска од платата од 74 илјади денари и Роберт Поповски од платата од 72 илјади денари како и Никола Димитров од платата од 72 илјади денари.

Излезе на виделина расипништвото и неработењето на Владата во изминатите 3 години. Додека во светот владите преземаат сериозни мерки за справување со здравствената и економската криза, Заев и СДСМ се однесуваат крајно неодговорно“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега