Стојаноска: Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава
Со несовесно однесување во врска со коронавирусот, по направени серија на пропусти Венко Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, па ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното обвинителство за загрозување на здравјето на граѓаните, најави претставничката на оваа партија, Дафина Стојаноска.
Како што рече таа, потребна е одговорност и поднесување на оставка.
„Доцната реакција на надлежните институции резултираше со голем број на лица кои се во изолација. Меѓу нив се и лекари. Мерките со кои секојдневно се фалеше Филипче на прес-конференции се покажа дека се фарса и се спроведуваат половично“, посочи Стојаноска.
Таа воедно побара Владата да ги разгледа и прифати четирите итни мерки во врска со коронавирусот кои вчера ги предложи комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа