Заев: ДУИ нека не го лаже паметот, СДСМ и Беса ќе бидат победници во 6-ката
Коалицијата меѓу СДСМ и Беса, а не ДУИ, ќе биде победник во изборната единица – 6, рече лидерот на социјалдемократите Зоран Заев на денешната прес конференција, запрашан за коментар околу ставот на ДУИ дека коалицијата треба да се прави меѓу победничките партии.
„Јас би порачал на нашиот сегашен коалиционен партнер, да не го лаже паметот, коалицијата СДСМ – Беса и другите партии ќе биде победник на овие избори, не ДУИ. И тоа во 6-тата изборна единица каде што најмногу се мерат влијанието на втората етничка заедница, на албанската, по големина во државата“, рече Заев.
28.02.2020 - 13:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа