Уапсени 40 лица во судири во Канада
Уапсени се најмалку 40 демонстранти кои протестираа против производството на гас од нафтени шкрилци на крајниот исток на Канада, откако за време на протестот се запалени неколку автомобили и истрелани повеќе куршуми.
Канадската полиција пристигна на местото на протестот за да ги растера демонстрантите, кои веќе со недели кампираат на автопатот во близина на градот Рекстон, бидејќи судот им издаде забрана за собирање на тој пат што го користи енергетската компанија „СНВ Рисорсис Канада“ за потребите на енергетски истражувања.
- Испукан е еден куршум од страна на лица кои не се полицајци, врз полицајците се фрлени молотови коктели и запалени најмалку пет полициски возила, додаде полицијата.
18.10.2013 - 09:22